Одевме ранорано и ја палевме. Избувнуваше жолт, висок пламен, а ние се греевме тукуречи цел ден.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Вивна висок пламен. Кругот на светлината се рашири.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ноќ е, августовска и ѕвездана. на крај Кукулино гори трошливата и стара куќа на покојниот Осип Крстин. Дури и небото е црвено од високите пламења.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)