Неговото „продавање“ на висока уметност е помалку проблематично во справувањето со костими и физиономии.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Мислел дека ќе бидеме одушевени од самата идеја дека тој сѐ уште работел на реклами, што отсекогаш и го правел, со таа разлика што сега работел на “чиста” реклама, рек лама како висока уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тие, значи, функционираат во популарниот код, но претставуваат и негова субверзија низ наметнување на или јасно критичен или вознемирувачки двосмислен став, како што низ популарниот „принцип на задоволство“ ѕирка и она „зад“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Дека било јасно дека тој е уметник, дека тој не креира култура туку едноставно ја репрезентира, преуредена, изманипулирана и акцентирана по негова волја. (...) Мислел дека сме сфатиле, дека секој можел да увиди дека славата што тој ја произведуваше (за него и неговите суперѕвезди) не била вистинска слава, туку само репрезентација на слава, реторичка симулација на слава.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Делата што ќе бидат претставени референцијално се втемелени во популарната култура, но контекстуално и понатаму во идејата за висока уметност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Верувам дека никогаш порано, пред појавата на Валери Соланис не дошол на идеја да ја изедначи славата што сам ја конструираше со таа на Мерилин или Лиз, слава која предизвикува стравопочитување.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)