Судот, се разбира, сакал по секоја цена да го открие вистинскиот идентитет на обвинетиот; дека се викал Павел Шатев, дека е од Кратово и дека е турски поданик.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Мислеле дека се родени надвор од својот природен елемент, дека имале некое тајно царевно потекло – дека биле кнезчиња што по некоја зла судбина, од таинствени причини, онакви новородени биле дадени да ги одгледува семејство на селанчишта и дека само го чекале денот кога ќе им се обелодени вистинскиот идентитет, кога ќе се развражи вражбата и кога конечно ќе се ослободат, ќе се ослободат од здодевните секојдневија на обичниот живот меѓу нормален народ и кога конечно ќе се вратат на местото во општеството со богатите и славните што по правдина им припаѓа, во друштвото на убавиот и најпрефинет свет.259 Копнежот по живот во естетска милост и во естетска хармонија, во сетилен раскош и задоволство, поривот да се издигнеш во светот и да се дружиш со повисоките сталежи, стремежот да стекнеш, собереш и да трошиш – да се опкружиш со убавини, реткости и скапоцености или, во случајот на Пол, со „згодни работи, со придушена светлина и со свежо цвеќе“ – сето тоа почнало да ја симболизира суштината на извесен вид машки геј-субјективитет, и тоа уште од времето на Оскар Вајлд.260
Во својата неисцрпна студија на Вајлд и на машката геј-култура, Нил Бартлет му посветува цело поглавје, насловено „Сопствености“, на односот на геј-мажите кон нивните ствари.261
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
(Мајка ѝ на Џоан Крафорд, инаку, навистина дома перела туѓи алишта некое време кога растела Џоан.)
Многумина геј-мажи велат дека имале такви семејни романси кога биле момчиња: убедени биле дека се исклучителни суштества што не се во никакво сродство со билмеското, грубијанско, простачко друштво околу нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)