На крајот, да го одбележиме многу добриот превод на големиот специјалист за Балканот кој се крие под псевдонимот Клеман де Исартеги (вистинското име Патрик Крисман, б.м.) и кој пријатно го збогатува овој роман.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Стоевме сѐ додека учителот кроце и внимателно не го допиша во дневникот неговото вистинско име: Славчо.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Одвреме-навреме организира домашни веселби што во средниот век си имале вистинско име. Оргии.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Сметај дека отсекогаш сум само Ведран и никој друг!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- А зарем е битно она што не постои? Заборави го!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Инаку, во врска со името на таткото, мојот Човек ми се имаше доверено дека другарите му честитале кога му соопштиле дека отсега па натаму ќе го викаат Ведран.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- А твоето вистинско име? Ќе ми кажеш ли нешто за него - настојував да дознаам барем малку повеќе?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па како тогаш да ја подржувам авантурата на синот кој наумил да трага по вистината за татко му кога и јас во таа вистина имав само наѕирнато?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Притоа воопшто не ме обескуражуваше фактот дека не можев да си ги замислам нештата што ги бркаше за да ги достигне; напротив, си го придодавав правото да верувам дека сепак го знам, дека го познавам барем онолку колку што себеси се познавам, а притоа, вистината ви ја велам, дури ни вистинското име не му го узнав на мојов Човек, бидејќи тој ми рече а јас му верував дека така било подобро и за мене и за него.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Баждар (не му го знаевме вистинското име) се исправи пред мене пречејќи ми да влезам во широчината со три накривени багреми, бедни во зеленилото и полни со мравки по испуканата и брчкава кора, со јама за ѓубре, со излупена каросерија на стар форд.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Гејовите и радикалните настрани си замислуваат дека го напаѓаат тоа статус-кво, но усвојувајќи ја стигмата на женственоста, тие само се сообразуваат со одамна воспоставените очекувања и ги потврдуваат.346
Мејлбренч (тоа, се разбира, не му е вистинското име), изгледа, го ставил прстот на пулсот на времето.347 Неговата книга доби славослови од критичарите на интернет, a неговите сопатници се цела легија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-сензибилитетот е речиси незнајно прифаќање на кастрирачка инсинуација, непрестајно славење на една вековна, обезмажувачка стигма што им се ставала на мажите кои се впуштале во хомосексуални чинови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа е сексуален идентитет што нема речиси никаква врска со сексуалноста...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или така барем можеме да заклучиме од следниов исказ: „Мажественоста е одлика што треба да се уважува, да се почитува и да се третира достоинствено.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
ФЕЗЛИЕВ: (Збунет.) Вашето вистинско име?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Беше нешто сосема поинакво, беше бегање, тој сега можеше во мислите и да му го каже вистинското име.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Токму тоа е што и тој го чувствува, а не може да му го најде вистинското име - воздух.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Фахрета Јахиќ, како што и беше вистинското име на голема врата влезе во ју-естрадата преку филмот Тесна кожа (капетан на белу лаѓу Пантиќу, реплика која што од овој филм ја паметам до ден денешен).
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Вистинското име на еден од најнеобичните писатели во 20 век е: Даниил Иванович Јувачев.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Задачата беше прекумерна, дотолку повеќе што процесите што таа ги подразбираше не можеа да се нарекуваат со нивните вистински имиња.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Би сакал да сум го измислил и веројатно сонувам дека му служам.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Да се избере некаков полу-псевдоним, близок до вистинското име, секако, но да биде типично француско, христијанско, едноставно име, значеше бришење на многу повеќе нешта отколку што можат да објаснат овие неколку зборови (и пак бескрајно би можеле да ги расчленуваме условите во кои една заедница како мојата - алжирски Евреи - во текот на триесетите понекогаш на своите деца им даваа американски имиња, некогаш имиња на филмски ѕвезди или актери како Вилијам, Џеки итн.).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Мене сите ме ословуваа со Софи иако вистинското име ми беше Софија.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Албанскиот полиграф ќе соработува во книжевното списание на Аполинер „Гозбата на Езоп” под псевдоним и на француски јазик, во духот и стилот на тогашните европски авангардни автори, вложувајќи го другиот дел на својата личност во написи под вистинското име во прилог на албанската преродба.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Тој е водачот, Крвник го викаат, а вистинското име никој не му го знае, - шепна дедо ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Ме викаат Абраш, а вистинското име и самиот си го имам веќе заборавено.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
На тоа човече, на тој Брзакот, никој вистинското име и презиме како да не му го знае.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој ѝ го откри своето вистинско име доверувајќи ѝ се дека тој на таа тема пишува роман, дека најверојатно Паца, под друго име, во неговиот роман ќе има значајна улога.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не сум сигурен, ама мислам дека вистинското име на тој битолчанецот, исто така му беше Едо...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На прво место со еден кому партизанското име после му беше Ѓунијата, не знам како му беше вистинското име, кој после побегна в партизани, стана некој командант таму и по војната се најде меѓу големџиите, во Скопје.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Георги Манасов, со вистинско име Павел Поцев, од Кратово, 21 година.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)