Ти го отвори твоето срце толку широко и ме зема мене засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Еве, дури сега, пред портата на Саемот си го постави вистинското прашање: зошто неговата покана втаса во последен час?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Вистинските прашања ќе го добијат вистинскиот одговор, кога ќе се соочиме со сопствените стравови и кога ќе го кажеме тоа што срцето го криело сите овие години на искушение.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во нејзиниот случај вистинското прашање не е како, туку кога?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Е, колку нѐ изврте човеков, токму како јагула, никако да дојде до вистинското прашање што му го постави секретарот за јагулите, за рибјите патеки, за да му се спаселе јагулите, - повторно коментираше Јагулче Дримски, но сега нечујно, онака за себе.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Една вечер така лутав наоколу, распрашувајќи се што би можел да сликам, а тогаш една моја пријателка ми го постави вистинското прашање: „А што ти најмногу сакаш?“
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Поставувањето на прашањево е повеќе опомена отколку вистинско прашање.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)