А дотогаш, додека времето не ја донесе вистинската приказна за тоа како станало Бошевото заминување од Потковицата, кој бил татко ѝ на Драганка и од кај им биле парите на Јанческите, многу поројни води протекоа низ Голема Вода и многу нови патчиња разгазија потковичаните по ридиштата и низ полето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во врска со тоа, од кај им се парите на Јанческите, додека времето не ја донесе вистинската приказна, во две различни времиња во Потковицата заживеа една иста приказна, но во две варијанти и со две различни главни личности.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Беше изминала скоро една недела и јас заборавив за тоа, кога Вера, една вечер, покривајќи не по обичајот пред спиење ни рече: - Сакам вечерва да ви раскажам една вистинска приказна.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Мојот фламбоајантен пријател Хорацио Цвикало (без средно име), кој секогаш во вистинско време ме теши со вистинска приказна.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сепак, не би се осмелил оваа т.н. свечена популарност во комшилакот да ја означам како една од причините што анти(-)упатствата и натаму се множат без прекин.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Вистинската приказна почнува овде.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Честопати помислував дека можеби згрешив; можеби требаше да се обидам да ја разоткријам. Впрочем не ми недостасуваа сили.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Можеби многу разговори ќе слушне но вистинската приказна, онаа најпосакуваната, за татко му, веројатно ќе го одмине.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се појави Кулиман војвода не само преку песната Кулиман излезе место да рашета туку и преку вистинската приказна за неговиот живот со херојски мигови и со падови на изнудувач на пари што го доведува пред муцката на пушката која во исто време ги израмнува сметките и со двајцата, и со оној што ја држи и со оној во кого е вперена.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Бај Шишко мислам дека ми го замени дедо ми со вистинските приказни за селото, а и со некои нови, што за прв пат ги слушнав.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Завршната борба на улицата е заснована на вистинска приказна, зар не?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)