вистински (прид.) - причина (имн.)

Обидот на Симона да ја преземе улогата на Бог, демијург којшто ќе „донесе“ вода, е презрен и „закопан“ без вистински причини, со наполнувањето на бунарот како симболичен чин на каменување на самиот Симон.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа е вистинската причина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многу од карактерите во „Симпсонови” ги добија своите имиња по членовите од мојата фамилија, но тоа беше уште пред да планирам било каква телевизиска серија... ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Татко се чувствуваше вкочането. Не ја знаеше вистинската причина за поканата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеби, вистинската причина за падот на Отоманската Империја, според неговото мислење, беше во фактот што Западна Европа успеа, во истиот петвековен период, да ги оствари етапите на ренесансата, на реформацијата, на Француската револуција, на либерализмот, на индустриската револуција, како и стадиумот на државата-нација.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И тој знаеше и јас верував дека знае за вистинската причина на ова преместување на сликата, но најдобро така да остане.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Можеби и се досетувал за вистинската причина, но никогаш не се издал.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кападокискиот истражувач на болестите ги посочува меланхолијата и манијата како два пола на лудилото: “Меланхоликот се осамува, се плаши да не биде прогонет или затворен, се измачува со суеверни идеи, го мрази животот,” тој “го проколнува животот и ја посакува смртта”; оние, пак, кои не се обземени од меланхолија, туку од манија, се во неконтролирана фурија, возбуда или веселост, и во овие состојби може да се чувствуваат инспирирани за големи дела за кои немаат подлога да ги направат, или пак можат без некоја вистинска причина да убијат некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Време е да си одиш,“ рече Рајнер, погледнувајќи во часовникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш, двата пола на лудилото се пројавуваат кај иста личност: “Некои пациенти, откако се меланхолични, имаат напад на манија,” додека пак некој кој бил еуфоричен заради манијата, го обзема меланхолија, “станува, на крајот од нападот, изнемоштен, тажен, молчалив; се жали дека се плаши за својата иднина, чувствува засраменост.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој поглед не можев да го препознаам, тој поглед беше таков, туѓ и изменет, веќе некое време, но сега за првпат ја сфатив вистинската причина за промената.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не, тој е вистинската причина и вистинската последица, и тоа никој не може да му го одземе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Да, тоа е суштинското прашање прифати Камилски но ние бездруго ќе ја откриеме вистинската причина, откако ќе ги консултираме сите западни книги (кои ги носам јас), но и сите источни (кои ги имаш ти ).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Долго време во семејството се прашувавме ние, децата, која беше вистинската причина за Татковата потрага по тајната на лавиринтите на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најпосле, зар тој не беше единствената и вистинска причина за смртта на Аритон Јаковлески, зар тој не го урна целиот ѕид, зар тој не ја пушти Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А имаше и причина, вистинска причина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Присилните психијатриско- полициски средби, како дел од превентивното роднинско воспитување, во редовна законска постапка, би ми предизвикале дури и конечно олеснување, затоа што за нив ќе постоеше вистинска причина...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Јас не можев да бидам сигурен за вистинските причини на доверливата отвореност, длабока искреност и непосредно пријателство на големиот палестински раиз, кога и самиот бев на крајот на мисијата на една земја на која се наѕираше блискиот крај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ветуваше дека ќе остане докрај верен на своето мирољубие, до своето конечно враќање и владеење во Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само ибн Бајко ја знаеше вистинската причина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но, некаде во себе, насетуваше... тоа не е вистинската причина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа знаеше дека вистинската причина за стравот од разделбата е друга...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дури не можеше да ја согледа вистинската причина заради која неговите родители направија посебен влез, бидејќи Марша изглуми навреденост...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потоа уследи друг: на Богуле му мина стравот што беше вгнезден во него по бесењето на питропот Андро, доби некаков кураж, смелост, и почна да го раскажува она што го криеше, да ја објаснува вистинската причина за несреќата на питропот Андро: за љубовта што потајум ја водеа неговата жена Андрица и Оруш варџијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не сум сигурен дали можам да ви ја кажам вистинската причина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Многу години по Мајкиното заминување засекогаш, со што заврши семејниот егзил на Земјата, си поставив задача, низ пишувањето, низ предизвиците на сеќавањето, низ малкуте преостанати Мајкини зборови во мене, низ задржаните чувства, миризби и вкусови, поговорки, премолчувања и низ универзалната Мајкина тишина, да се доближам до вистинските причини за нејзините ретки и задржани солзи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега, по многу, многу години, Мајка како да сакаше и таа да ги чуе вистинските причини за Татковите исчезну­вања пред многу, многу години, за време на италијанско-грчката окупација на нашиот роден град Поградец, на албанскиот брег од Охридското Езеро.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Единствено таа возраст располага со вистинската причина за ваквата слабост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но Трајче, без да ја каже вистинската причина, за првпат ги одби.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
А јас верувам оти е блиску до паметта дека Ролан го наговорил својот пријател да не прифаќа нов сличен договор за да не го потемни успехот постигнат со првата слика.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Која била вистинската причина Јенков да ја одбие оваа понуда никој не можеше да објасни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа појде и се врати пред истекувањето на времето на визата, со голема болка во душата која тајум ја носеше до крајот на животот, без да ја разбереме вистинската причина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А освен тоа се слушнав и со сестра ти. Таа ми ја кажа вистинската причина зошто ми раскина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во своите мисли механичарот се мачел да ја открие вистинската причина за експлозијата и за пожарот на паробродот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- За да тормози, ете, затоа – беше огорчен Саше, но јас бев сигурна дека тоа не е вистинската причина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја знам тетка ми, не е таа таква, не зборува попусто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)