Кога се најдов со него на вишинката на кај манастирот Свети Наум и му го покажував родниот Подградец, во кој не бев стапнал 37 години по моето заминување и за ноќта кога ја минавме невидливата граница под Езерото, Махмуд Дарвиш внесено, и со поглед претопен во синевината на Езерото, ја слушаше мојата вистинска сказна за змејот и границата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Чувствувам дека силно нѐ поврзува приврзаноста за нашите мајки.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Можеби мојата цел беше преку вистинската сказна да ги покажам апсурдностите на тоталитарниот режим, преку акции со крвави последици: ирационалната прораганда измислува лажни непријатели на системот за да ги започне ликвидациите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)