XXI Во свет без илузии и без светлина човек се чувствува осамен, туѓинец.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
По исчезнувањето на Татко, библиотеката беше будно, како вистинска татковина, вардена од Мајка која се грижеше да го сочува последниот распоред во неа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во зачаденото жржорење меѓу наши познати брадосани парталковци, некои од нив со нож во појасот, луѓе на кои кафеаната има станала вистинска татковина за која се врзани сите нивни романтичарски прчења, очајувања или нејасни радости, Ибраим Ибраим ме обогатуваше со нешто одамнешно што секогаш, и додека се слуша и подоцна, излгледаше дека е измислено, исградено како мисловна архитектура со врелина и недостижна фантазија никната од почвата и дарбата на старите раскажувачи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Човек е во еден вид егзил кој е посебно мачен, зашто е лишен од спомените на изгубената татковина или од надежта дека ќе ја открие вистинската татковина, историската татковина, непостојната татковина, татковината на илузиите, на судирите, на делириумите, на заборавените владетели, на драмата на човековото несовршенство и на погрешната потрага по спасоносните излези...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Реа вози „фиќо“, сонува за враќање во вистинската татковина, ги слуша Чак Бери и Пол Енка, „не живее сексуално“: - Маструбацијата е многу подобра.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Беше свесен дека неговата вистинска татковина се наоѓаше некаде во исчезнатиот рај на детството, во времето кога во Солун царуваше убавината на разликите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)