- Отсега - почна русиот - оваа сенка ќе ти биде под тебе постела, вишно небо над тебе покривач, гора шума - мајка закрилница.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Но господ на робјето виде од вишното небо колкав е нивниот ужас, и нададе уши стенчивиот глас да го слушне - плачот на тие што служат.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
немој ќерко, светла Ѕвездо - на небото ти ми личиш - не влегувај в црна земја - таму нема вишно небо - нема сонце, месечина, нема ѕвезди, мила ќерко - црна земја е студена - има само црни змии - ќе ја пијат твојта младост - твојта снага фиданлија - твојте гради негалени -твојте усти нељубени
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Во тоа време ете кај иделе низ море две ламји за да 'и јадат штркоојте; едно се приближиле и штркојте летнале пак вишно небо.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во тоа време ете кај иделе низ море две ламји за да ги јадат штрковите; едно се приближале, и штрковите летнале пак вишно небо.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Откоа се извишиле до облаци, беа му се пуштиле за кон кај нас да идат.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)