влажен (прид.) - усна (имн.)

- Дојди, момче! Арсо пристапува напред. Кајмакамот се поткренува од столот и Арсо сеќава скокоткање по образот и топол допир на влажните усни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се плаши ли од бегот, или му допушта, за да си ја скрие севдата, тој да ја љуби старечки по цели ноќи, заспивајќи со влажните усни меѓу нејзините чатма веѓи?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Има чиста кожа со боја на непечено кафе и широки црни мустаќи што му се надвиснале над влажните усни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)