Јас сум експерт, бог да ми е на помош, за случувањата во внатрешниот простор и време, за доживувањата што се нарекуваат мисли, слики, фантазирања, сеќавања, соништа, визии, халуцинации, соништа на сеќавање, сеќавања на соништа, сеќавања на визии, соништа за халуцинации, за прекршени прекршувања, прекршувања на она почетното Алфа и Омега на доживувањето и стварноста, онаа Стварност на чие што потиснување, одрекување, цепење, проекција, фалсификување и општо сквернавење и обесветување нашата цивилизација се потпира повеќе отколку на што и да е друго.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
За храброста на внатрешното истражување, космонаутиката на внатрешниот простор.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Следејќи ја Пелерин, може да се каже дека границите извршуваат неколку важни функции: 1) Диференцијација: - границите означуваат разлики, кои понатаму служат како основа за практикување на вклученост и исклученост; 2) Регулатори на внатрешниот простор: - просторот се создава не само преку повлекување на линија околу она што е внатре, туку и преку нагласување на она што треба да се разликува однадвор; 3) Простор на моќ: 25 - границата не е само место, туку и специфичен начин на покажување на моќ.22 3.1.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Да, ПаризИстанбул, како пејзаж забележан низ замаглените прозорци од возот кој патува дење и ноќе, додека патникот, макар што не добива точна информација за пределите низ кои минува, чувствува дека во него се отвора еден внатрешен простор кој е с поширок и поширок.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)