Жената, за да ги избегнат барите, го поведува девојченцето по мократа асфалтна патека, испруженото тело на водената змија. – Ќе задоцниме – ја забрзува внучката, и себе си.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Мора кај тебе да останало некое знаење дека водните змии не се отровни, за разлика од сувоземните.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Децата од улицата бегаа кога ќе се појавеше со водна змија завиткана околу долгиот врат.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во нозете му се плеткаа езерските треви или водните змии, по табаните го скокоткаа изворските струи и тој сè повеќе се оддалечуваше од брегот додека во ушите не му глувна вревата на плажата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
По нозете му се качуваат водни змии, го препашуваат ко јажиња.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред нас скокаат жаби и водни змии во реката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ама се плашам од отровни змии. - Но водните змии не се отровни.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)