Меѓутоа, нема сомнение за тоа каков впечаток им оставиле Солунските атентати на оние што биле ангажирани околу последните подготовки за востанието, што гледале како Македонија се претворала во огромен воен логор, во огромен затвор во кој се фрлаат најинтелигентните сили на земјата, како огромниот терор застрашува да ја разнебити Организацијата...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Подоцна дојде до крвави партии, со процеси и жртви Во тие денови, во знак на верност кон мојата иницијална професија француската книжевност, токму во воениот логор на Бањица со себе носев и ја читав книгата на францускиот поет на романтизмот Алфред Де Вињи Служењето и величината на воениот позив.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)