воен (прид.) - или (сврз.)

Сега се стреми кон тоа да се вели “писмо” за сето ова, но и за други нешта: за да се означат не само физичките знаци на пиктографското, идеографското или пишувањето со букви, туку исто така и целокупноста на она што него го овозможува; потоа, од онаа страна на означувачкиот, самиот означен лик; оттаму, сето она што може да му даде место на еден запис воопшто, без оглед на тоа дали е или не е со букви, па дури и без оглед на тоа дали фактот што тој е распореден во просторот му е туѓ на поредокот на гласот: секако, кинематографијата, кореографијата, но исто така и пиктуралното, музичкото или скулптуралното писмо, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Би можело, исто така, да се зборува за атлетско писмо, и, уште повеќе, доколку се мисли на техниките кои денес управуваат со овие подрачја, и за воено или политичко писмо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најпосле, без оглед на тоа дали постојат или не постојат суштински ограничувања, целото поле покриено од страна на кибернетичката програма ќе биде поле на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каде и да било што е можно побрзо преземање на енергична акција, било воена или субверзирана би дала пример на искажаните и напишаните апели.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тоа најдобро го илустрира Халифакс, кој во 1940 година, меѓу другото, ќе истакне дека Британците на Балканот ќе мора да се истегнат "колку што им е чергата".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, Британците биле сосема свесни дека на балканските држави, освен моралната поддршка, не можеле да им ветат воена или друга материјална помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во градот кој го сочинуваше мнозинското грчко население, покрај припадниците на други народи, постоеше и сосем одвоено еврејско гето, опколено со цврсти ѕидови, додуша наследени од минатото и уште во тоа време почувствувани за непотребни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„ Доцнел и порано”, рече другиот, „но никогаш како сега”.  Карер го разбира тој прикриен говор во кој се чувствува стравот поради кој поразните состојби во животот му се припишуваат, општо на времето, а не на воените или на политичките околности и затоа час поскоро се враќа, како впрочем и тие, на претходниот дијалог.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)