волшебен (прид.) - начин (имн.)

Тогаш не знаев дека поезијата е за една глава над астрономијата - не ги испитува ѕвездите туку лесно, на волшебен начин, ги симнува на земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во летната кујна пет фамилии готват на еден шпорет, кој на волшебен начин ја има смалено моќта и брзината, па со часови чекаш да дојдеш на ред.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Жалев бидејќи стануваше збор за убавините на една ноќ на која присуствувавме и двајцата, а ете, на некој волшебен начин таа ноќ исчезнала од нејзиното сеќавање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сè се надевав дека нешто ќе се случи, дека на некаков волшебен начин зрнцето само ќе испадне од увото.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тебе сѐ ти се чини дека времето, како што велат, на волшебен начин ќе измени сѐ за нас, а јас знам дека сето тоа е само палијатив, ако не и шарлатанство.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Мојата мајка тврдеше дека тој ѝ се доверувал дека во текот на целиот живот настојувал да го воспостави најдобриот распоред за читање на неговите книги, за тој, речиси на волшебен начин, да му ги открие сам од себе одговорите на загадочните прашања на егзистенцијата
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Притиснат од новите задачи во гимназијата, а и од самите околности кои многу не дозволуваа човек да се одлепува од денот, средбата со учителката од Гаково, на некаков волшебен начин, без воз што татни со денови, ме врати во Гаково за да можам да се видам себе си како во огледало, ама во такво огледало во кое твојот отслик не се менува независно што изведуваш пред него, во него остануваш кадриран и замрзнат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)