Рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот кога последен пат е извршено однесувањето кое претставува вознемирување на работно место (чл. 21) и тоа задолжително треба да содржи: (1) податоци за подносителот на барањето; (2) податоци за вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место, ако не е подносител на барањето; (3) податоци за вработениот кој се смета дека врши вознемирување; (4) краток опис на однесувањето за кое оправдано се смета дека претставува вознемирување на работно место; (5) траење и зачестеност на однесувањата кои се сметаат за вознемирување на работно место, како и датумот кога последен пат е извршено тоа однесување и (6) наведување на факти и докази (чл. 20).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)