И ова старче, со она негово пониско рамо, продолжуваше веќе и да си ги валка своите вредни раце со некакви ситни кражбички, и беше сѐ порадосно, мислејќи дека еднаш и тој мораше да дочека среќата да му се насмевне, сфаќајќи ги за своја среќа токму тие свои поеднипати и до смешност бесмислени кражбички.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Вислицени и Брунер непрекинато го понижуваат, му соопштуваат закани, му наметнуваат присилби и сè поневозможни барања.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потем педантно, како по наредба, на едно место, ги редат плочите една над друга, една над друга, додека под нивните вредни раце расте здание во облик на голена порта, новиот Бранденбург, споменикот на полнетите мечиња... Како да не се враќа дома скршен?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А, Наум? Ах, само да го знаеше ти него. Чуда можеше тој да направи со тие негови вредни раце. За сѐ го бидуваше.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се редеа илјадници оловни букви, во вредните раце на печатарите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)