Во мај 1933 пристигнаа во Солун, полни со амбиции и со убави очекувања.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се спружи во ладнината и во сеќавањето остана само белината на плочите, издолжениот врат на камилата и кротката влага во нејасните очи, палмата, трома и висока, а под неа камената зграда, исушена од врелиот здив на тропикот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој, уште свртен со грб за таа да се пресоблече и уште непокриен како гол полжав, Горда ги покри двајцата и го фати одзади - рацете со рацете, нозете со нозете и му задува во вратот со врел здив на заздишан немирник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Неговиот врел здив ми го ожежна тилот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И среде таа ноќ на ужасот само Храмот го осветлуваше пределот послан со човечки тела, а пред јужниот ѕид на Градот слета војска од сиви архангели што не беа ни Гавриил, ни Рафаил, ни Михаил, ни Ариел, ни Азраел, ни Јофиел, ни Јеремиел, ни Метатрон, ни Рагуел, ни Разиел, ни Сандалфон, ни Уриел, ни Задкиел, ни Ханиел, ни Шамуел, но некои други Сили и ги ставија шофарите што сега им беа свиени до шестпати и засвирија шест по шестпати во нив, та падна јужниот ѕид на Градот и се отвори браната кон Ге Хином што значи „долината на децата на Хином”, која се протега од подножјето на ридот Цион до кидронската долина, па штом падна јужниот бедем од долината, заплисна врелиот здив на зборот Гехенна, поимот на Пеколот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)