„Она, за генералскиот шинел, поставен со златни рубли, што го соблекол од генерал Воронов додека овој лежел мртов или контузуван во тревата“?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Па како да бидам мирна кога знаев дека помеѓу сите тие срамни настани и татко ти се рашетува во оној негов генералски шинел украсен со толку многу медали и одличија?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зар заборави дека честевме кога Семјон се стори со автомобил? Со оној зелен форд?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Богами не сум далеку од помислата дека тој лично го има застрелано тој ваш генерал, и тоа од зад грб, во тилот, додека јавал зад него, или додека кутриот Генерал спиел а Иван Степанович седел на некое кутнато стебло приведувајќи го кон познатион жален крај своето одамна донесено решение: да му ги прибере парите на Генералот и да се стори најпосле барем со генералски шинел.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А второ: неколку месеци, а можеби и цела година а и повеќе пред смртта на Генералот, Семјон излезе од оној генералски шинел со медали и ги напушти скалите што воделе во собата на таа непозната љубов на Генералот што и сега те вознемирува.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)