ВО ЕДНО неделно мајско попладне кога сиот Париз беше огреан во сонце, и кога по Сена се влечеа хидроглисери, начичкани со патници и туристи, на кружни патувања околу Париз, и кога на ѕидиштата на оваа голема и прочуена париска река на самиот дофат на „Нотр Дам“, имаше најмногу продавачи на стари книги, геграфски карти, уметнички репродукции, пред една пристара црквичка на „Сен Мишел“, токму во овие кривулести и тесни стари париски улички, кои тоа попладне беа преполнети со шетачи и туристи, вниманието ми го привлече една поголема група млади луѓе собрани пред црквата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Дури и имињата на земјите и нивните форми на географските карти беа поинакви.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како на географска карта, ги имаше обележано сите посетени букинисти и тие што преостануваа да ги посети.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во еден експонат прикажана е на една поголема географска карта пругата која води од Тирана до Поградец, изграден од илјадници работници, војници, млади и стари.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Настрана патриотскиот фолклор во кој врз географските карти на Франција истокот се прекрива со црнина, настрана децата што на бадник учат да пеат O, Tannenbaum! во слава на малите Алзашани, настрана школските одреди кои, со бајонети на пушките и со главите покриени со беретки со црвена туфна, дефилираат извикувајќи: „Алзас и Лорена ни ги земавте / но срцето нема да ни го грабнете“ - од тој пограничен сукоб избива еден вистински филозофски спор што останува со најголем значај.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како погрешно залепена географска карта од дежурен ученик кој сакал да го сплетка наставникот, стануваше збор за дислоцирана метропола и врвици од кумановските села кои водеа кон неа...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
- Ама само! – пак се насмеа тој.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Видов на географската карта. Само Хималаите ве делат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Постојат околности кога книжевниот факт малку тежи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога се обидував да ги утврдам, на една географска карта, непредвидливите патишта следени од овој татко кого еден од синовите толку силно го сакал и почитувал, ми се чинеше дека гледам како постојано се движи еден рламен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Има една игра на откривање“, продолжи тој, „што се игра на географска карта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ги собра и другите предмети останати од него: лулата, чешелот за косата, малото чешле за мустаќите и густите веѓи, игли и конци за везење, влечките, географската карта на која беа обележани земјите и местата каде што ги поминал - и сѐ спика во ковчеџето да не ги гледа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)