Но, веќе неколку години, некаде од неговата шеснаесетта, Хичкок редовно оди на филмските премиери во Лондон и редовно ги следи филмските новини, и тоа оние стручните; ги гледал Чаплиновите и Грифитовите филмови, сите филмови на Парамунтовите (Paramount) Fa- mous Players, филмовите на Бастер Китон (Buster Keaton), Даглас Фербанкс (Douglas Fairbanks), Мери Пикфорд (Mary Pickford), како и германската продукција на компанијата Decla Bioscop) за која снимал и Мурнау.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)