Кога минувал пред главните порти на “Топхане“, стражарот сакал да го сопре и да го задржи како сомнителен, се разбира, без да знае ништо за неговото тукушто извршено дело.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кога стигнав до главната порта на амбасадата која беше добро затворена, но јас го имав бипот за отворање на гаражата, транспортерот ме одмина, продолжи кон главната авенија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Непоткупливата болничарка, единственото суштество кое изгледаше живо во заварената изненадувачка тишина, почна да шета од едниот до другиот крај на спалната.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Влегуваше и излегуваше на главната порта, кога во дворот од црквата имаше најмногу свет.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И старата црква почиваше во мир и благодет, под закрила на обезбедувањето „КОБРА“ чиј натпис, на главната порта, беше дополнет со цртеж на змија во напад.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ама некои покрупни или понезгодни, како ногалките или летвите, не можеше, па почека домарот да дојде од селото и да ја отклучи главната порта.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Бевме будни кога се огласи познатиот ѕвон на главната порта. Мајка ми прва стигна да отвори.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Многу од затвореничките остануваа будни цела ноќ, исто како и Марија, но не се осудуваа на ништо, бидејќи ноќната болничарка ја чуваше главната порта заклучена со синџири и катинар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)