Беше верен служител на главниот режисер Владо Дулитл и достојно си ја заработуваше својата марионетска плата пишувајќи какушки по весниците и интернетот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Додека другите ученици нашироко дискутираа за посетата на Ќеле Кула, за тоа колку било морбидно да се гради кула со човечки глави, за свирепото стрелање во Крагуевац, Рада и понатаму беше во својот филм како главен режисер и сценарист на нештата што ѝ се случија, на почетокот од патувањето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)