Додека тие седеа стиснати како курсисти, тој на подиумот накратко им ги изнесуваше главните црти на сценариото, служејќи се со кредата на таблата како професор по тригонометрија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ова е во главни црти суштината на наредбата на Главниот штаб на ДАГ и редоследот на изведувањето на маневарот... - рече Кикицас, ја отвори табакерата, запали цигара и се повлече до масата покрај која седеше Маркос.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)