И додека немоќен, престрашен од себе, го пушташе тој грчевит звук да се излие од неговата ништожна, скршена сила, му прелета дека жената, единствената на која ѝ дозволи да ѕирне внатре, зад ѕидот, некогаш му рече дека неговата смеа е гласна воздишка.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во блесокот на полната месечина По патот на вечната далечина Во сонот што со јаве се кити Восхит незнаен од неправда штити Сити се оние што не глодаат туѓо месо Од коска до коска Од рез до рез Питоми луѓе со смисла и без Во занес од воздух опиени Гласни воздишки и мирис на млека од гради излиени Вени од кои страста води од ек во ек Одек во векот разјарен крвожеден...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)