Преку Германија стигна во Белгија и пејзажот некако изгуби од својата ариевска организираност – бушавите шуми на Белгија ги заменија средените германски полиња, а гласните провинцијалци од европската работничка класа, кои во возот се довикуваа на некој јазик неразбирлив за него (дури подоцна сфати дека бил фламански), почнаа да му ги нарушуваат размислувањата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)