гол (прид.) - живот (имн.)

Да престане, да снема тагата голема за голиот живот на човек станал - скот.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Овдешните општество, култура, стопанство и голиот живот паднаа во шепите на олош (изразот го позајмувам од Томас Ман) кој се протна од сенката на долгогодишната „револуција што тече”, заштитена со вооружената закана на воената и државна, удбашка, тајна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А овие промени станувале понекогаш толку бргу, што победените немале време ни голиот живот да си го спасат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одминуваа крај тоа, носејќи го дома само голиот живот и, ако беше возможно, гледаа да ја сочуваат само уште својата пушка, воено време, не знаеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа, поводливоста по голиот живот е бескорисна и би значела назадување од илјадници километри.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Напролет, на годишнината од смртта на првиот од дружината, додека жените ги орале здружените ниви на секоја глава во Кукулино да ѝ припадне по толку жито или пченка колку што е доволно да се одржи голиот живот, преостанатите мажи навртеле планински поток кон земјиштето на еден од неколкуте манастири во тој крај и под големоглава сенка на кубе од пред неколку стотици години почнале да ѕидаат воденица, сега една и заедничка за сите во Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го завлекле по зандани, кон мачилиштето на прочуениот пекол Беаз-Куле или кон арапски пустини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според норма, надминувајќи ја неколку пати, некогаш ги преведуваше делата на диктаторот Енвер Хоџа, спасувајќи си го голиот живот, а сега како да сакаше да го надополни изгубеното, со преведување на вистинска, уметничка литература.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко, му велеше, бездруго поучен од цариградското време, од големите средби што ги имаше тогаш со вујко си Фетхи Беј Окјар, како и една куса средба со Мустафа Кемал Ататурк, оти на Балканот се вестат тешки времиња, кога спасувањето на голиот живот, животот на чедата е неодложниот императив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ни остана, чедо, ни остана голиот живот, болката, маката, чемерот, оболената душа и мачната надеж на чекањето... и овие раце и рамената... со кои станавме дел од бурата што надоаѓаше сѐ побучна и пострашна...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го изгубија и она што им беше останало - голиот живот!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја беше напуштил земјата бегајќи, спасувајќи се од сталинизмот, за да го спаси голиот живот, а Татко со бегството преку Езерото, се спасуваше од фашизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)