гол (прид.) - рид (имн.)

Од другата страна на Вардар се само бавчи и зеленило, ливади и пошумени места кои се искачуваат да го освојат голиот рид на југ. Боженце, какви чудесии!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако тргне надолу, по патот покрај брегот, набргу ќе избие на границата, а не беше особено страден по средби со властите и нивните органи, а не гаеше ни тајни копнежи за бегство по Америки; ако појдеше нагоре, над низата викендички меѓу скоквите и желките, отаде голиот рид ќе се изгубеше во фронтовските ровови од Првата светска војна, низ кои уште можеше да се сопнеш од некоја рѓосана граната или барем на закопани чаури, од пушки до топови - за што инаку требаше да си подготвен, а не вака разгаштен за летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од катот горе, низ долгнавестата рамка на прозорецот, го гледав сонцето, огромно и крвавожолто, како излегува од зад голиот рид.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа крива и дупчеста артерија го завршува градот, избива во друм покрај Вардар и се губи на голиот рид.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Реков веќе, сега, утрово, испишувам низи од зборови, цели редови и, повремено, како кога нагло ќе се испие доволно голтки вода од стомне, прекинувам со издишување и, во паузата, ги гледам пак јасиките како се нишаат спроти голиот рид подалеку во позадината, сега осветлени од повисоко, со една жолтосивкаста аура околу врвовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наоколу голи ридови, сив крш. Ниски, стари куќи, градени со камен и покриени со камени плочки и стари керамиди.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)