Во мајкината врска беа наредени и клучевите на старите исчезнати куќи, почнувајќи од првите кога дојде и до првата голема делба на семејството на старите рисјани и нивните преобратени браќа пред многу векови.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Остануваше никогаш растолкуваната семејна загатка - за тоа што се случило во изминатите пет века отоманско време на Балканот, како дојде по поразот до големата делба, до промената на Бога, до големото гранење на семејството, кога едниот дел по отоманската опсада и победа по цена на смртта ќе замине на другиот брег на морето со старата христијанска вера, со задолжителните врски клучеви на старите куќи во пламен, со по некоја спасена икона и света книга в раце.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Бевме дојдени крај овие извори, по големата битка на живот и смрт, по големата делба, кога едните од семејството, од народот, заминаа преку морето, а другите кон копното.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)