Жителите многу страдаат и императорската влада ќе му направи голема добрина на местото ако благоповели да ги земе во внимание оправданите желби на населението и да го ослободи од натурениот пастир.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И се смирив и се радував затоа што со толку голема добрина, нежност и топлина ме прифатија и ме чуваа како нивно дете.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој, од друга страна, откри голема убавина во нејзиното лице, голема добрина и разбирање.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ај, со здравје, брат Јордане! Голема добрина ми направи. (Тргнува да си оди).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ќе ти ја свршам сета работа и ќе ти напраам голема добрина.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
На оваа мисла, се надоврзуваше и онаа според која подобро е да се чинат катаден мали добрини отколку да се чини по некоја голема добрина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)