Се смести Сликарот од Скопје на катот од Сарајот во голема просторија, старински, но вкусно уредена.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Едно време преброја во своите ноѕе уште шест преостанати трупци од сета онаа грмада, што беше наредена тука, зафаќајќи ја речиси целата половина од оваа голема просторија.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш погледот ѝ снове низ големата просторија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Па ако тргнам по шините, тогаш ќе стигнам до Битола.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Зраците ја осветлуваа големата просторија и таванот добиваше некакви чудни бои. А сликите тоа беше вистинско чудо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со режисерот се сретна само еднаш, на почетокот, и тоа не кај нив во шаторот туку кај него во штабот, во една голема просторија со долга маса и ѕидови облепени со мапи и графикони.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Вистина е дека ни беше голема просторијата за спиење... А сега огромна...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Бевме само ние двајца внатре, од дванаесет порано, четиринаесет дури...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Понекогаш тие игри изгледаа како лежерно потсмевање: кога некој кој веруваше дека е Казанова, го прашуваше за неговите љубовни авантури, или некој кој тврдеше дека е Наполеон, го прашуваше за неговите воени походи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа влегле во големата просторија во која во два реда кревети лежеа педесетина жени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Иако доктор Гете претходно ги замолил да не ѝ кажуваат дека ја водат дома, им рекол да ѝ кажат дека ја носат на некаква прошетка, браќата ѝ рекле дека ја враќаат дома, засекогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ќе собереше дваесетина пациенти во некоја од големите простории на болницата, и со еден од повиканите ќе ја започнеше играта во која лудилото го прикажуваше како глупост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)