Кога ги накладовме дрвата на кладата се сторија како некој голем стог сено ставен на земја, а пламенот се вишеше речиси до врвот на старата топола на Гелета Клетников под неговата воденица, тука над Полената; искрите, насмеа, чиниш дури откако ќе вивнеа до ѕвездите, некаде високо над ниско паднатите облаци.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Од големиот стог се стркала сонцето на пат и уплашено од кучињата се разбега низ тесните сокаци криејќи се зад малите прозорци на куќите Триејќи ги очите селаните ги врзуваат немирните кучиња за плот И свирејќи, со косите на рамо се разлеваат со сонцето по ливадите.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)