Малку лево во дворот имало барака, дрвена, со клоца ја отклучил вратата и сега расчистувал брлог за големата тајфа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Новите спахии, пред што се доселија засекогаш, во Потковицата испратија голема тајфа мајстори-ѕидари и еден главен мајстор-архитект, Турчин од Солун.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во тоа време, кога одеа да го собираат владичниот, грчките битолски владици, од страв од ајдути, а и за да го натераат народот да го плати данокот, одеа опкружени со големи тајфи составени од заптии и ѓакони, а Партениј, за оваа пригода, беше се зајакнал уште и со некои свои послушници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Велам многу народ, голема тајфа!... - продолжи со нескриен потсмев господарот, како вечерва да откри нешто што не го знаел досега.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Двете подрумчиња и онака беа врата до врата, а од другата страна, наспроти вратата за брлозите на Пелагија и Чана, во едно уште помалечко дупче, Танаско времено ја засолна својата голема тајфа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)