Утредента, откако ми се заблагодари за музиката, со една еднозвучна учтивост што во ушиве не можеше да не го смали „големото уживање“ што го проповедаа неговите зборови, засмеан додаде, како другар на другар со кого има сосема ист став за работите: „Нели е жив ужас да завршиш ко некоја стара кралица во пијано-бар и да си го лигавиш пијалакот секогаш кога ќе ја засвират ‘Некоја чудесна вечер’!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За на крајот и сосем да исчезне од нив, и повеќе да не се врати никогаш, колку силно и да ја довикував само со нејзините зборови, кои ги немаше во ниту еден друг јазик!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И добро знам, во завршниот дел на обвинението и небеските ,руристи и земските ,патриоти, наспроти полиглотите кои се сметаат за лоши патриоти, со големо уживање и најчиста совест ќе ме осудат за моето упорно ,балканско мултијазичие, за сакатењето на јазиците на кои пишував.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)