Чудни се луѓето... прават се за да се уништуваат и потоа на големо ќе слават...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ели брбореше дека кога и таа ќе биде голема ќе кажува на приредба.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Дошла пчела и собрала цветен прав.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Секако добри, одговорила Судбината и додала: Послушај ме што ти велам – за добрите сегде рај е, голем ќе си преку дела, какви дела веќе знаеш.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ја послушал мажот је и уште на часот беше тргнале да бегаат во друг град.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кога дошло да пишат и мајка му да си ја земи за жена, рипнала сирота просто од постела и плачејќи му рекла: - Аман, мори сестри, кај се чуло и видело синот да си ја земи мајката за жена, немојте сестри, каил не чинете се, оти грев голем ќе добиете!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Смрдиш - Смрдиш, - ѝ рече Ирена на Ема едно попладне кога се враќаа од училиште.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Не си веќе мала, ако сакаш да бидеш голема ќе мораш да се однесуваш како да си голема, - рече Мони со носот во воздух.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
За да пропуштиш барем нешто Од она што ти се случува кога ќе отвориш очи Да ги пропуштиш ако се може уроците по глобализација Според кои големиот брат ќе заповеда а малото братче ќе извршува Па потем малото братче ќе извршува а големиот ќе заповеда Божем не се рекло и пред раѓањето на големиот брат Дека големата риба ја јаде поситната Та сега покорувањето на староседелците Да мора да се новоименува како глобализација Како што денес се именува секое покорување на малите народи Како што денес се именува и исчезнувањето на малите јазици
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)