Еден, два, три... еден, два, три... таму некаде во Градот, или на жолтиот рид: густата коса, прелиена со темен, горски мед, млечниот тен, со модри жилички, врежани како во мермер, забите, некако вампирски, што нежно ми ги забива во вратот, додека навлегувам во неа.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)