Овдека, во горниве одаи, а во склад со своето сфаќање на спахиското достоинство, агите, одлачени од семејствата со тесни, речиси вертикални дрвени скали, во мир и тишина го благуваа својот живот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И не постелија, пак како дотогаш, во лето, во дворовите, туку спиеја по тремовите, а кои имаа куќи на кат на чардаците и во горните одаи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Жената го наметна шалот, побрза. Се искачија, влегоа во горната одаја.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Вечеравме, а потоа гостите побараа преслека од татко ми и отидоа во горната одаја да спијат.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Тогаш во куќата, како нешто што е неизбежно се знаеше за една тајна: горната одаја, лево откако ќе се искачиш по скалите од дебели дабови штици, беше непристапна - дебели алки, низ нив поцрнет синџир со врзани краеви од тежок старовремски катинар.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Јас се сместив во едната од двете горни одаи на Симон.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
VIII дел КОГА СИ ОТИДЕ кадијата дома, ја најде портата затворена, а во конакот веќе беа запалени свеќите и светеа прозорците од горните одаи преку решетките.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Потоа Родна многу и не чекаше за да го качи својот нов човек во горната одаја, онаа за гости и со балкон, и на тој начин да објави дека сепак му нашла замена на својот доскора незаменлив Трајче.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)