Околу пладне, кога сонцето беше највисоко на небото и кога горниот слој на снегот малку беше омекнат од неговите зраци, Бојан презеде потфат во чиј успех ни за миг не поверува, но нешто однатре, појако од неговиот чист разум, го гонеше во обид да ја провери таа своја замисла.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Некој дел од повеќекатница ќе се укажеше над нас, некој сив и влажен ѕид ќе изнурнеше на нашиот пат; големата медуза на улична светилка ќе запловеше за миг над нашите глави, движејќи се низ горните слоеви на вселената.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во Петроград тие имаат широки познанства и се ползуваат со многу арен дочек од горните слоеви на руското општество и имаат големо влијание на него.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нашето лачење на информации е такво што ги загадува и горните слоеви на менталната атмосфера со своите нераспадливи отпадоци, уништувајќи го малку по малку видот на Белов (Bellow) ремен којшто нѐ заштитува (слично на целосното распрснување на тајната во вештачката интелегенција. (238) Се вели дека глупавоста е навреда, но мислам дека објаснението е поголема навреда.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)