Лари ова го кажа низ горчлива насмевка и со израз на човек во чие име е направена страшна неправда... иако јас не бев сигурен дали воопшто знае каде е Ирак, а каде Македонија.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Назад се врати со сликата на Димостена во себе, онаа од деновите пред да го затворат: мило лице развлечено во горчлива насмевка и падната коса која му го затскрива едното око, а во другото без никаква порака.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На ова со среќа, лицето му се развлече во горчлива насмевка.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
- О, кутрото човече што си мислеше многу високо летнало, - рече Кејтен со горчлива насмевка, - ете, сега тој пропаѓа во темна бездна од која веќе никогаш нема да излезе.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Ми се допадна, малечок Леме, - рече самиот сакајќи да зборува, ми се допадна уште оној час кога падна на земја, - една горчлива насмевка му прелета преку лицето, кога беше во правта, мислам кога ја подигна главата од правта и кога му рече на татенцето, - з о ш т о нè тепате, ние бевме крај Големата вода, проклет да бидам, тоа беше храбро, малечок.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)