Се надвикувавме, се надмудрувавме, готови бевме дури и да се скараме.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Стојан и Јован секогаш беа готови. Готови беа и нивните другари, пет од земските сејмени и двајца братучеди на Анѓа – еден од вујко, а друг од тетка.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сите се сложувавме со неговото гласно размислување, па фативме сите да зборуваме што би правеле, кога би имале авто.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Никој не те кара, никој не ти вели - ова не, она не, - никој не ти заповеда што да правиш и како да правиш...“ се занесуваше Ташко.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
При таквите географски услови јасно е оти Македонците не можеа да се ослободат од Византија и готови беа да му бидат сојузници на секој непријател што ќе војува против Византија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не му беше пријатно тоа двојство во самиот себеси и готов беше да се згади од својата дволичност.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Надворешниот сјај и богатството на царскиот палат го замајаа Суља и готов беше да се врати, но се сети дека кадијата ќе го обеси ако не му однесе извештај од султанот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Наближуваше денот на премиерата. Готови беа и костимите, осветлението, декорот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)