Тоа цврсто безоблично тело како гранитна карпа, со рапава црвена кожа, ја имаше истата врска со телото на девојка, каква што постои помеѓу плодот на розата и расцутената роза.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Братучед ми Герман и од помислата да ја крши би се почувствувал како комарец качен којшто напаѓа гранитна карпа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Љубомората налетуваше на мене со упоритоста и стихијата на разбеснети бранови кои ги рушат гранитните карпи и дробат на мали парчиња.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во авлијата два вековни чинари фрлаа дебели сенки врз сметената калдрма, а црквата беше в чело, вдлабена во гранитната карпа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)