Како области каде се среќаваат различни луѓе (на пр. крстосници, граници, пристаништа, гранични области), граничните зони се исто така и области на културен конфликт.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
На пример, Гупта и Фергусон ги гледаат граничните области како места на „несомерливи контрадикции“ клучни за новите политики на идентитетот.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како места каде се среќаваат разликите, лими налните простори можат да бидат сфатени не само како опасни зони на конфликт, туку и како „експериментални региони на култура“, места на продукција на детериторијализирани идентитети на постмодерната.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Од неодамна, акцентот е ставен на границите како економски разделници, кои означуваат (и одржуваат) глобална економска нееднаквост: „Онаму каде што приходот, вработувањето и животниот век многу се разликуваат, границата може да направи разлика меѓу сиромаштијата и материјалната благосостојба, а повремено и меѓу животот и смртта“.18 Прашањето за границите е неодвоиво од односите на моќ меѓу нациите.19 Само еден поглед на граничната иконографија, со нејзините надзорни кули, бодликавата жица, бетонските бункери (или ѕидот во Израел), е доволен за да се согледа дека граничните области се места и симболи на моќ.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)