Со технологијата (техномагијата) на виртуелната реалност (поврзана со интерфејсите, какви што се: податочната ракавица, податочната облека, наочарите-монитори) денешниот поединец, значи, тргнува на пат во потенцијален, паралелен свет, такашто светот на имагинацијата не му е достапен/видлив само на духовното око, туку исто така и на ‘духовната рака’, бидејќи допирот е можен со податочната ракавица (data glove), постои стерео во 3D графичка симулација, а таа пак се менува во зависност од примачот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)