грчки (прид.) - граница (имн.)

На 18 април 1941 на бугарскиот Генералштаб му било одобрено бугарската војска да влезе во Македонија, но да ја окупира само територијата источно од р. Вардар и да не ја поминат линијата: Пирот-Врање-Скопје-течението на р. Вардар до грчката граница.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И покрај фактот што вистината за настаните во Македонија во американскиот печат полека си го пробивала своето место, односно може да се каже - задоцнетата вистина за носителите на отпорот, американскиот политички естаблишмет, по смртта на Рузвелт, влегол во сферата на "реалната политика" и застанал во одбрана на интересите на западната демократија во Грција и во Турција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За неколку дена Бугарија ја завршила окупацијата, а окупирала и дел од Егејска Македонија (територијата меѓу реките Струма и Места) и добила излез на Егејското Море.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според неговите согледувања, од тогашното расположение меѓу политичките кругови во Бугарија, „четириаголникот Горна Џумаја-Разлог-Неврокоп-Петрич ќе биде дел од македонската држава“, додека проблемот со грчката граница, како што забележува М Вестерн, е многу чувствителен, и покрај тоа што никој не можел да го оспорува фактот дека зоната меѓу Лерин и Солун е „населена со Македонци, кои малку се разликуваат од нивните роднини северно од границата“, а „Солун е природно пристаниште на областа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)