Генералот ми ја зеде десната рака и ми го стави орденот во дланката, велејќи ми: - Благодарната грчка татковина посмртно го одликува вашиот син и го унапреди во чин десетар.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Таа одлука на Македонците покажува дека грчката свест никогаш не исчезнала кај Грците од Македонија и дека јазикот што се употребувал по навика и како резултат на извршениот притисок во старо време, воопшто не ги промени нивните чувства кон грчката татковина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)