далечен (прид.) - брег (имн.)

Татко, во еден период, следејќи ги имагинарните кодови на својата библиотека, низ променетиот распоред на книгите, особено низ метафоричното патување на јагулите, од Езерото, преку реката, до Океанот, до далечните брегови на Америка и обратно, замислуваше среќно патување за семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако не е така тогаш зошто елегантното оро, ноќта уште не беше помината, а тоа заринка во снегот на далечниот брег на Леденото Езеро?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Преминувавме преку еден мост за да одиме на риба и тој ужасно ме плашеше, помислата дека возот ќе пристигне секој момент. Имав ноќни мори поради тоа. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 175
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Прости, само две раце имам два далечни брега и нашата неразделност - меѓу.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Можеби некоја рибарска недела кога детето е крстено Ластавица или Тигар и ќе падне од нејзините раце, некој на некој далечен брег ќе погледне и ќе рече дека го видел ненадејното издигнување на еден бог. превод: Зоја Наскова-Барт Паганска ноќ ја напишав за време на второто од трите последователни лета што ги поминав крај реката Снејк во Ајдахо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гратчето беше лирско и чудно, земјоделско местенце со необични ефекти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А ти имаш глас што ќе ги опточи далечните брегови за да се врати оплоден во едно друго време.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)