Тој му беше и советник за деликатните историски прашања, посебно за оние од далечното минато.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И Толе ја осети својата сила и големина. Почна јавно по Мариово да шета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Многу старци и старици се пренесоа во далечното минато и почнаа да тврдат дека овој ќе биде Крали Марко, кој преспал петстотини години во некоја пештера по Мариово, каде, кога влегол ја закачил сабјата во стената, која сега сама паднала, го разбудила и му рекла дека дојде времето кога треба да му одмазди на Турците за нивните зулуми.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За миг забораваш каде се наоѓаш. Се пренесуваш во далечното минато.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Секое нешто во кое се загледуваше, разбудуваше море од спомени, ја враќаше во далечното минато и копаше во нејзиното срце, кое изгоре во огнот на нејзините копнежи и напразни очекувања.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Други структури Во формулирањето на погодни прашања, на терапевтот може да му биде од помош да се осврне на другите структури, на пример оние кои произлегуваат од антропологијата, литературата и драмата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На пример, понекогаш посебните излези укажуваат на моментите на промена за кои е тешко да се најде било каков претходник во далечното минато.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Далечното минато не го интересираше многу.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Имаше и нешто друго што го водеше во тие размислувања, во тие нуркања во далечното минато на Гогов Валог.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Моите студенти лезбијки и геј-мажи, вклучително и оние што подоцна го запишаа предметот „Како да се биде геј“, можеби биле баш скептични кон тврдењата дека некој обемен таинствен материјал во матните текови на американската популарна култура од далечното минато некако ја сочинува нивната култура, но не инсистираа дека геј-културата е апсолутно мртва.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Царот бил радосен но исплашен, дали ќе му се роди наследник или пак ќерка...
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Синот пак на чергарите кој бил кај царот, зборувал: „Да имам дрвца колку убави вретена би можел да направам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во далечното минато во Овчеполието владеел цар.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ноќта, крадешкум бега пред утрото, налик на екот на далечното минато, што завиваше како звуци од стара гитара, празно, беззначајно...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)