десен (прид.) - колк (имн.)

Ќе прекинам, некој доаѓа. Поштар, не оној што го знам туку нов и непознат, поинаков од вчерашниот, со пајажина на модроцрвени капилари под очите, со набабрен десен колк, со мирис на кожено палто штотуку симнато од рамениците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Прашува и доближува рака до десниот колк.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Павле си ја провлекува раката по студената, мртва цевка и, без да губи време, ја бара рачката на својот нож, прилепнат за десниот колк.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И самиот папсан, на десен колк прилегна до неа...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На десниот колк - пиштол.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Прашува и доближува рака до десниот колк.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Десните колкови видливо им беа поголеми.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе прекинам некој доаѓа. Поштар, не оној што го знам туку нов и непознат, поинаков од вчерашниот, со пајажина на модроцврени капилари пред очите со набабрен десен колк со мирис на кожено палто штотуку симнато од рамениците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)