- Било, затоа што јас самата сум се грижела, а тоа досадува и заморува, и не е воопшто лесно за една мала детска глава.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Зад ригестите панталани се појавува руса детска глава, тркалезни очички, полни со ведрина, го гледаат со наивно љубопитство.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Сакаш да кажеш дека тебе ти недостига родителска строгост, ако добро те разбрав?!?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ја чувавме сликата на Сталин, крај онаа на Тито, над детските глави, за да ги штити нашите животи, а сега се случуваше да страдаме од еден од тие портрети!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Од брлогот на Чана се поткренаа неколку детски главчиња љубопитни за текот на настанот, а самата Чана, а може да се рече и бабата Петра, а и мајка ѝ, се таеја како што беа легнати навистина очекувајќи сѐ да заврши со голема смеа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Додека ја набиваше земјата околу коренот, кревкиот стеблак климнуваше надолу како детска глава во оган.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
А се плашевме, со нашите детски глави, ако го спомнуваме често името, дека прва ќе ја земат и ќе ја убијат нашата Сталинка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)